7 Причини зошто не ви „оди“ во врската и бракот

Секоја врска има свои успеси и падови, како и свои лични и индивидуални причини зошто понекогаш таа се прекинува.Ниту еден прекин не е лесен, никој не сака туку така да остави нешто во што вложувал доста време, енергија и љубов. Но кога ќе дојде крајот, се појавуваат вообичаените и конкретни причини еден од партнерите да каже: Не можам повеќе, доста е!
 Ова се најчестите причини поради кои се прекинуваат врските и браковите!
 Некомпатибилност
Колку ли пати сме слушнале дека спротивностите се привлекуваат? Паровите се почесто се одлучуваат покасно да имаат деца па врските без деца побрзо се раскинуваат, но ако партнерите немаат иста визија за заедничкиот живот, голема е веројатноста тој брак ако нема доволно толеранција и компромис да „пукне“. Големите разлики помеѓу партнерите е една од првите причини поради кои бараат развод.
 Лоши навики
На почетокот на врската ништо не е „сиво“, туку напротив, сè е „розево“ и обично сме заслепени од љубовта. Како последица од тоа идеализирање на партнерот, честопати не ги приметуваме мааните кои со текот на времето можат да не остават во сивата реалност.
Чорапите на подот, не спуштена даска на wc школката, честото излегување надвор, ноќи и ноќи поминати со пријателите во ноќните клубови или пак игнорирање на некоја молба да се направи нешто, се само неколку причини кои предизвикуваат прекин на врската.
 Монотонија
Најчесто настанува после медениот месец или после раѓањето на детето. Некои партнери кои се во врска имаат чувство дека сè е некако исто. Го нема повеќе оној жар како на почетокот на врската, нема изненадни излегувања и мали изненадувања, а деновите остануваат исти. На некои им е потребно многу повеќе од тоа, да немаат чувство дека „сè останало“ во времето. Некои со таквите ситуации воопшто не може да се помири.

 Контрола – „Убиство со предомисла“
Некои вешто се „сокриваат“ на почетокот на врската и нивната „одлучност“ да бидете заедно што повеќе и што почесто, лесно се чита како заљубеност и желба да бидете заедно секоја секунда баш поради тие преубави пеперутки во стомакот и забрзаното чукање на срцето кога сте еден до друг. Но, со текот на времето завесата паѓа и сваќаме дека се работи за контрола од секој аспект. Понекогаш луѓето не разбираат дека врската треба да претставува делење и здружување на животните патишта и цели, а не „поседување“ на нечиј живот и нечие секојдневие.
 Изолација
Тргањето на пријателите и друштвениот живот на страна може да доведе до прекин на врските и браковите. Нема ништо лошо целосно да се посветите на врската и семејството, но ако не сте личност која може да издржи постојано во четири ѕида и не сакате во потполност да се откажете од својот досаден живот и сакате да излезете на пијалак со личноста која ја знаете уште од детинството, а немате прилика, можете и вие да станете дел од неславните статистики на „пропаднатите“ врски.
Злоставување
Не станува збор само за физичкото насилство бидејќи многумина не сфаќаат дека постои работи кои одат под тоа заедничко име, без да подигнат рака еден на друг. Нерамноправноста во врската, непочитувањето, „психичката тортура“, но и физичкиот напад, се се почести причини за прекин на врската во модерното време, бидејќи партнерите се помалку зависни еден од друг, но се свесни за тоа дека „не мораат да останат во нешто лошо“ само за да не бидат зборени од околината.
 Недостаток на комуникација
Забрзаниот ритам на животот, недостатокот на време за себе и малата квалитетна комуникација во врската…Се се тоа „состојки“ кое „јадењето го прават горко“. Недостатокот на комуникација во врската е еден од најчестите проблеми во врската. Ако не можете да разговарате и да пронајдете решение за она што вас ве мачи, прекинот е на видик.Ниту еден прекин не е лесен, никој не сака туку така да остави нешто во што вложувал доста време, енергија и љубов. Но кога ќе дојде крајот, се пој

Пронајдете не на следниве мрежи: