7 работи кои навистина ги бараат момците кај девојките, а ниедна од тие не е изгледот!

Вистина е дека секој маж ќе се сврти по згодна и секси жена, но тоа не значи дека тој би сакал да биде во врска со истата, ниту би се оженил со неа.Иако повеќето од жените помислуват на тоа дека мажите бараат само убави и згодни жени, и дека токму баш таква би ја поканиле на состанок, тоа и баш не е вистина. Секс колумнистот Anthony D'Ambrosio открива што навистина сакаат мажите кај жените, а ниту една од тие работи не е изгледот.
1. Карактер. Вистинската убавина не секогаш е воочлива, да бидеш вистиски убава значи да бидеш карактерена одвнатре. D'Ambrosio вели како запознал неколку девојки кои изгледале скоро совршено, но за жал немале никаков карактер. Мажите сакаат кога жената е самостојна и кога не се срами да покаже каква е навистина. На мажите исто така не им значи ако таа на состанокот нарача пица и се измачка од кечапот, за нив е важно само таа да е своја, насмеана и опуштена.
2.Почит. Како се претставувате, говори многу за тоа каква личност сте вие навистина, и повторно не станува збор за надворешниот изглед. Така наречените “популарни девојки” кои по сто пати деневно ја менуваат профил сликата и постираат безброј статуси, кај се, што прават, со кого и зошто, тие воопшто не се интересни за мажите. Неможете да го почитувате мажот, доколку не се почитувате самите себе- вели D'Ambrosio.
3.Посветеност. Физичкиот допир е многу важен за мажите, за нив се започнува со допир. Затоа не се воздржувајте од допири и бакнежи, и да барате некаков вид на заштита од мажот, тоа ќе му значи, и без проблем ќе ги исполни сите твои желби. Исто како и жените, така и мажите сакаат кога жената прва ќе ги бакне, допре за рака или само ќе го постави прашањето како му поминал денот.

 
4.Интелигенција. Интелектуален разговор ќе го излуди, интелигентните жени знаат многу од светот со кој се опкружени, имаат желба да направат промени. Размислуваат критично и со самото тоа го потикнуваат и мажот на размислување. Мажите сакаат жени кои се амбициозни и не се нервираат со фактот дека не го поседува најновиот модел на чанта или дизајнерски чевли.
5.Самодоверба. Животот е тожок и секој нов ден значи нова борба, затоа мажите се срекни кога покрај нив имаат жена полна со самодоверба. Жена која е полна со љубов кон себе и се соочува со своите недостатоци, ќе биде и полна со љубов кон мажот за кој се одлучила. Тука не станува збор за самодоверба поради добар изглед, тука станува збор за самодоверба поради јак карактер.

6.Амбиции. На мажите им значи кога се грижат за семејството и кога прават планови, но еднакво им значи и кога сето тоа го прават заедно со нивната избраничка. Тие сакаат жени кои можат да им бидат потпора и подршка во животот. Жените без никаква амбиција во животот воопшто не им се привлечни, сакаат жени кој се трудат да си го подобрат секој ден.
7.Скромност.Кога бараат животна партнерка, мажите често гледаат таа да е скромна. Скромните жени се сочувствуваат со другите и често ја ставаат туѓата срека пред својата, но тоа го прават зошто им донесува мир и срека.Иако повеќето од жените помислуват на тоа дека мажите бараат само убави и згодни жени, и дека токму баш таква би ја поканиле на состанок, тоа и баш

Пронајдете не на следниве мрежи: