Односот со личноста која ви е претпоставена, неретко е осетливо подрачје. Ако сакате вашиот однос со шефот да ви биде поквалитетен, што значи да доаѓате помотивирани на работа, придржувајте се до следните 7 совети:1. Прифатете го фактот дека вашиот однос нема секогаш да биде истНемојте премногу да се врзувате за однос кој моментално го имате со шефот или да се окупирате со мислата каков однос ќе имате за 5 години. Природно е со тек на време тој однос да варира – некогаш ќе биде повеќе, некогаш повеќе интензивен.
2. Не дозволувајте лошото расположение на шефот да допира до васДа бидете доследни на работното место е најдобро што можете да направите. Некои луѓе се едноставно чудни. Бидете свесни за расположението на шефот и вообичаено продолжете со денот. Така ќе покажете на надредениот дека сте конзистентна “сила” на која може да се потпре.
3. Не очекувајте да добиете пофалбаЧекањето некој да ве пофали често е знак на незрелост. Ако сте доволно самоуверени и свесни за своите способности, пофалбите не ви се потребни. Покрај тоа, доброто и совесно вршење на работата е во описот на секое работно место, тоа не е исклучок.
4. На време известете го шефот кога планирате годишен одмор или слободни деновиВодете сметка за тоа што порано да го известите вашиот надреден кога би оделе на годишен одмор. Така ќе му овозможите навремено да ја организира работата и вашите работни задачи да ги распореди на другите вработени.
5. Дојдете на работа пред шефотМногу надредени кажуваат дека се чувствуваат супер кога ќе дојдат на работа и сите вработени се на работните места. Тоа им влева доверба и им дава до знаење дека сте одговорна личноста на која можат да се потпрат.
6.Шефот не може да ви биде пријателШефот не мора да знае се за вашиот приватен живот. Освен ако тој не ви прати покана за пријателство, немојте да бидете пријатели на Фејсбук. Во ред е да го следите шефот на Твитер затоа што таа мрежа не е толку приватна и доверлива како Фејсбук. Исто така, во ред е да го следите на Инстаграм ако неговиот профил е јавен. Почекајте 6 месеци пред да испратите понуда на ЛинкедИн.
7. Бидете лојални на својот шефот и тој ќе ви биде вамТрудете се да не криете било што поврзано за работата од шефот. Дајте му до знаење дека сте на негова страна и дека може да ви верува.1. Прифатете го фактот дека вашиот однос нема секогаш да биде истНемојте премногу да се врзувате за однос кој моментално го



