Овие работи се сметаат за оцнова на секој успешен потфат во човечкиот живот. Тие се главни карактеристики на секој успешен маж и секоја успешна жена. Тие вклучуваат се што отсекогаш сте посакувале.Според Брајан Трејси, треба да ги практикуваме овие седум нешта во секој прецизен момент кога сакаме нешто да ни тргне од рака. Со прецизно дефинирање на целите, нашиот ум станува чист и усредоточен на тоа што сакаме да го оствариме. Можеме да се фокусираме на области од животот каде се потребни промени и да го подобриме впечатокот кој си го оставаме самите на себе а и на другите.
1.Мирен ум
Ова е можеби најважното нешто во животот доколку сакате да чекорите напред, кон подобро. Вообичаено се оценуваме себеси како работиме во одредени моменти, но никогаш не се прашуваме колку уживаме во тоа и колку сме спокојни. Мирниот ум и позитивната мисла се најважни за успехот во животот. Иако апстрактни, тие го хранат организмот со енергија и сила за да истраете низ сите ваши добри и лоши животни моменти и подвизи.
2.Здравје и енергија
Ова е втората состојка за среќен живот. Мирниот ум го покренува вашиот ментален мотор, но не заборавјте го и оној физичкиот. И на него му треба храна и внимание.
3.Врски полни љубов
Одржувајте ги врските со вашиот партнер, со семејството, роднините пријателите. Тие се вистинската мера за тоа какви сте вие како човек. Среќата и несреќата треба да се споделат и заедно да поминете низ нив. Тоа е вашата човечност, тоа ве прави луѓе.
4.Финансиска слобода
Финансиска слобода значи да не размислувате за тоа колку пари имате и колку можете да потрошите. Парите не се капата на секое зло, туку недостатокот на истите. Финансиите се многу важен дел од животот, и затоа засукајте ги ракавите и почнете со работа тоа поле да го доведете во ред, бидејќи пари од небо не врнат. Само така ќе сте сигурни во тоа колку имате и нема да се грижите дали ќе ви достасаат или не.
5.Вредни цели и идеи
Многу е важно правилно да прецизирате што сакате во животот, инаку постојано ќе сте збунети и неснајдени. Ви треба добро чувство за ориентација, а тоа доаѓа со позитивниот ум и мисли. Вам ви е потребно да се стремите кон нешто големо и важно, за да видите колку можете во живототи да си докажете дека навистина вредите.
6.Себепознавање и свесност
Низ историјата, себепознавањето и мирниот ум чекорат едно крај друго. Зада можете да се впуштите во некоја работа или авантура, морате да се познавате себеси, какви сте, колку можете и до каде сте спремни да одите.
7.Исполнетост
Вашиот пат до среќата започнува со подобрување на самите себе и завршува со чувството на исполнетост. Погледнете што се сте оставиле зад себе и бидете горди на убавите нешта, но и на тоа дека успешно сте пребродиле и лоши работи. Веќе сте оствариле се што сте посакувале и сега останува само да уживате во вашиот успешен живот.
Активирајте се, не седете со скрстени раце! Земете ја в рака четката на вашата фантазија и на платното наречено живот насликајте се што ве прави среќни. Почнете да работите на тоа да станете подобра личност. Само така ќе успеете во своите замисли. И не запирајте штом остварите се. Убавината на животот не лежи во достигнувањето совршенство, туку во надоградувањето на вашата личност се до самиот крај.Според Брајан Трејси, треба да ги практикуваме овие седум нешта во секој прецизен момент кога сакаме нешто да ни тргне од рака. Со прецизно дефинир
Пронајдете не на следниве мрежи:



