Многумина се борат да ги намалат килограмите со помош на диета но вие не морате. Доколку знаете која храна треба да ја јадете, можете да ја намалите тежината без да ги броите калориите. Звучи добро? Еве кои седум видови храна може да ги јадете- добро една од нив може да се согласите дека не е храна, но сепак е одличен извор на протеини- ќе видите.Но пред да продолжиме едно треба да ви биде јасно доколку сте сериозни да ја намалите својата телесна тежина. Мора да се ослободите од преработен храна и се што содржи додаден шеќер. Секоја рафинирана храна, или рафинирани зрна, и пржена храна треба да одат. Но не грижете се, храната која ќе ви ја предложиме не само што е полна со хранливи состојки, има и одличен вкус.
Наут
Не само што се одличен избор на протеини, наутот изобилува и со витамин Б, и е одличен за забрзување на метаболизмот.
Наутот исто така е одличен извор на растителни влакна, а тие ќе ви помогнат да го задржите чувството на ситост подолго време, и како што веројатно веќе знаете, влакната се одлични за чистење на вашиот стомак.
Наутот покрај се има одличен вкус, одличен додаток за салати и супи, а исто така можете и да ги печете во рена додека не поруменат.
Иако наутот е дел од семејството на гравот, тој има помалку скроб од повеќето други видови, а тоа е она што ви е потребно за да ја намалите тежината.
Кале салата
Кале салата е растение со темно зелени листови и одличен е во борбата со килограмите. Покрај другото содржи и:
Хлорофил, магнезиум, железо, витамин А, витамин С.
Оваа листа од хранливи материи помага во одржувањето здрав имун систем, го регулира нивото на шеќер во крвта и ви дава многу енергија. Та исто така помага да се балансира вашата телесна хемија, да го задржите балансот повеќе алкален отколку кисел, што помага да се намалат воспаленијата. Можете да ја комбинирате со други салати па и да направите прекрасно рижото со неа.
Бобинки
Бобинките се неверојатни, за задржувањето на здравјето на срцето, и секако во борбата со килограмите. За разлика од другите видови овошје, бобинките имаат ниско ниво на шеќер и имаат повеќе влакна. Помагаат при регулирање на шеќерот во крвта. Познати се и по тоа што содржат анти- оксиданти кои ги уништуваат непријателските слободни радикали.
Овесна каша
Овесната каша е одлична за пополнување на вашиот стомак и да прави да се чувствувате сити и исто така одлична е за стабилизирање на шеќерот во крвта. За разлика од другите житарици, овесот содржи многу повеќе протеини а исто така е и клучен извор на комплексни јаглехидрати, кои ја ослободуваат својата енергија бавно. Овесната каша е одличен начин да го започнете утрото.
Органски вегански протеински прашок
Ова она што го спомнавме претходно, веганскиот протеински прашок можеби не се смета за храна, но е одличен начин за добивање тони протеини во вашата исхрана без да додадете калории. Одличен е кога се брзате и одлично се комбинира со разни пијалоци. Доколку сакате да пробате вегански прашок, бидете сигурни дека ќе земете без додаден шеќер. Некои прашоци во себе содржат и растителни влакна кои исто така се корисни за организмот.
Леќа
Леќата е уште еден вид на храна која изобилува со растителни влакна. Влакната се одлични за контрола на телесната тежина, бидејќи содржи апсолутно нула калории. Растителните влакна во леќата се исто така одлични за стабилизирање на вашето инсулинско ниво, што е важно за губење на тежината. Фактот дека ќе се контролира инсулинот значи дека ќе се контролираат и мастите во организмот.
Куиноа
Куиноа семето е од суштинско значење како за контрола на тежината, така и за целокупното здравје и благосостојба. Богато е со растителни влакна, В витанини, железо, магнезиум и протеини. Оваа комбинација од хранливи материи, не само што помага при намалувањето на килограмите, туку дава и енергија. Одличен избор за појадок.
Да ја контролирате вашата тежина значи да управувате со својата исхрана и режимот на вежбање.
Постигнување на здравјето значи и контрола на тежината и конзумирањето на свежа непреработена храна ќе ве постави на вистинскиот пат. Вашата исхрана е клучна за успехот при намалувањето на телесната тежина. Но не заборавајте дека треба да примените и кардиоваскуларни вежби исто така, најмалку три или четири пати неделно.Но пред да продолжиме едно треба да ви биде јасно доколку сте сериозни да ја намалите својата телесна тежина. Мора да се ослободите од преработен х



