7 Вистини кои бајките ни ги премолчуваат…

Постои многу повеќе работи кои нашите омилени бајки ни ги премолчуваат. Ние ќе ви ги издвоиме најважните 7 вистини…
 1. Најчесто, нема да постои некој кој би ве спасил. Во реалниот живот, во било која ситуација треба да научите како да се спасите сами себеси.
2. Понекогаш работните обврски не се толку пријатни за да си потпевнуваме додека ги завршуваме! Освен ако не сте една од малкуте кои успешно живеат од она што вистински го сакаат.
3. Убавината доаѓа во различни облици. Погрешно е да дозволите некој да ве увери во спротивното.
4. Физичката и внатрешната убавина, честопати не доаѓаат во пар. За разлика од бајките, во реалниот живот физички убавите луѓе честопати се злонамерни, исто како што има преубави личности кои физички и не се привлечни.

5. Понекогаш родителот кој не е ваш биолошки родител, не претставува нужно зло. Покрај се, најважно е таа личност да е добра, да ве почитува и безусловно да ве сака.

6. Понекогаш е добро да покажете став, храброст и одлучност. За разлика од принцезите кои секогаш се мили и насмеани, реалниот живот бара храброст и издржливост.
7. Секој ден нема да изгледате како девојка од милион долари, но најважно е секој ден да се чувствувате пријатно и удобрно во својата кожа. Не се срамите да ја покажете својата самодоверба.1. Најчесто, нема да постои некој кој би ве спасил. Во реалниот живот, во било која ситуација треба да научите како да се спасите сами себеси.

Пронајдете не на следниве мрежи: