Доколку нешто ви кажува дека нешто не е во ред, постојат неколку знаци кои укажуваат на тоа дека можеби вашиот партнер има емоционална афера. Доколку го пронајдете вашиот партнер во неколку точки, тогаш се е јасно.Доколку нешто ви кажува дека нешто не е во ред, постојат неколку знаци кои укажуваат на тоа дека можеби вашиот партнер има емоционална афера. Доколку го пронајдете вашиот партнер во неколку точки, тогаш се е јасно.
– Вашиот сексуален живот драстично се подобри па опадна
Кога некој има емоционална афера која сеуште не се претворила во физичка, склон е на партнерот во кревет да му пружа или премногу или премалку. Секако, тоа се чувствува.
– Ви делува оддалечено
Доколку вашиот партнер на некој начин пружа внимание на некој кој емотивно му значи, тој полека престанува со вас да разговара за секојдневните случувања и ви станува далечен. Неговата енергија преминува кон некој друг и ова е еден од сигурните знаци дека вашата врска пропаѓа.
– Неговото однесување кон вас се има променето
Вашиот партнер сега може секојдневно да ја фали својата нова опсесија, а вие тоа да не го знаете се додека не почне да ве критикува за некои работи кои порано дури и му се допаѓале.
– Поминува повеќе време на интернет
Доколку не ви испраќа пораки како порано а кога сте заедно не се одвојува од телефонот, тогаш е јасно. Тој знае дека тоа што го прави не е во ред, но доколку почнете да му приговарате, тој ќе ви рече дека сте само љубоморни, тогаш веќе е очигледно дека нешто не е во ред.
– Постојано разговара за таа личност
Ако постојано ја спомнува новата личност со нагасок дека му е само пријателка а на вам тоа ви пречи, нема дилема. Поготово ако упорно се брани и на секој начин ви дава до знаење дека тоа што го мислите не е точно.
– На нов начин води расправија
Некои работи ги слушате по прв пат во караница која сте ја имале милион пати, време е да се запрашате дали сакате да останете во оваа врска. Ако приметувате дека зборовите кои ги користи не се негови, многу е веројатно да новата личност го советувала некои работи во врска со вашиот однос.
– Почнувате да се чувствувате дека сте вишок во врската
Доколку чувствувате дека веќе не сте број еден, дното во врската е сигурно. Некогаш чувството не ве лаже, колку и да се потпирате само на вашата интуиција. Поразговарајте со партнерот и видете на што сте.Доколку нешто ви кажува дека нешто не е во ред, постојат неколку знаци кои укажуваат на тоа дека можеби вашиот партнер има емоционална аф