Не е дека оние кои остануваат прицврстени за ѕид или за шанк немаат поима што е добар секс, но добро движење по танцовиот под изгледа поветувачки. Имено, ако знаете да се забавувате, скокате, да танцувате веројатно ќе бидете инспиративни и кога е интимната изведба во прашање. Во секој случај ќе бидете еластични.
Освен тоа, ако не се срамите да танцувате додека сите гледаат во вас, без оглед на вештина, веројатно имате дарба во кревет. А тоа сигурно придонесува за квалитетот.
Не се сомневајте во својата сексуалност и не се засегајте за туѓата
Ако во разговор често се осврнувате на тема со зборови како „лезбејка“, „геј“, време е да се смирите. Ако знаете кој сте и немате никакво сомневање и не ви пречи фактот што други луѓе имаат различни сексуални преференции, тогаш имате добри шанси да биде одличен во кревет. Самоуверени, неоптоварени, не ве засегаат работи кои не се ваша ствар, а и не морате да се докажувате на некој за што е тоа или не.
Добро слушате
Некој сака да ви се довери, а вие го слушате со широко отворени очи , целосно концентрирани на разговорот, устата половина отворена, заинтересирани и давате некои повратни информации. Ако некој ве замоли тоа да остане меѓу вас, така и направете. Сега така однесувајте се и на активностите под прекривката. Заинтересирани, соработувајте, следете, возвратете.
Не ви е проблем да кажете не
Зборот „не“ има вистинско и важно значење, оној што треба да го почитувате безусловно и без исклучок. Да знаете да кажете не и да не правите нешто што не сакате со сила, односно да го прифатите само она што ви се допаѓа, тоа е пожелно и за квалитет во креветот.
Знаете да им дадете до знаење на луѓето кога се пожелни и кога не ги читате добро нивните намери
Ако имате способност да прочитате кога другата личност навистина е заинтересирана за вас, а кога едвај чека само да го притисне прекинувачот и да си оди, на правиот пат сте да бидете добар во кревет. Всушност, ако луѓето до вас се чувствуваат непријатно, како да се облечени во „премногу тесни панталони“ и едвај чекаат да отидат што подалеку од вас, бидејќи сте укочени, дистанционирани, тогаш и сексуалните вештини се веројатно на некое ниско ниво.
Знаете како да ги направите луѓето среќни
Ако спаѓате во категоријата на луѓе кои сакаат да ги развеселат другите и самите се среќни кога на другите им носат задоволство, вие сигурно добро се снаоѓате и под чаршафот.
Немате потребата за постојани пофалби
Секогаш во друштвото има барем еден човек кој може да се пофали за неговите сексуални вештини, бројот на партнери и сл. Прашањето е што од тоа е вистина, а што убедување на самиот себе дека е добар, убав, секси и посакуван. Смирените, тивки типови може да бидат вистинско откритие. Имено, ако знаете да се забавувате, скокате, да танцувате веројатно ќе бидете инспиративни и кога е интимната изведба во прашање. Во секој случај ќ