Никој не може да го избере семејството во коешто ќе се роди, но тоа влијае на вашата иднина и на вашите карактеристики. Сите луѓе се различни, а мајките не се исклучок. Некои од нив не се согласуваат со своите деца, а некои прават совршен тим. Врските помеѓу мајките и ќерките може да бидат различни, па во продолжение ќе откриете каква е вашата и како таа влијаела на вас додека сте биле дете.
1. Сестри
поврзаност влијае врз животот на ќерката
Во овој случај, мајката и ќерката се апсолутни еднакви однесувајќи се како да се сестри. Тие може дури и да се натпреваруваат една со друга, а мајката на тој начин го избегнува вистинското мајчинство. Може да се случи и размена на улогите, односно ќерката ја презема улогата и станува „мајка“ на својата мајка, таа е поодговорна, се грижи и се однесува како родител.
Како тоа влијае на ќерката: Ќерките израснати од вакви мајки најчесто се поодговорни и стануваат лидери. Тие ги вреднуваат врските помеѓу луѓето, но во исто време, може да не се чувствуваат сакано, да се чувствуваат емотивно запоставени и да се плашат од одбивање.
2. Најдобри пријателки
Овој однос е изграден врз доверба, а мајката е првата личност кај која оди ќерката кога има проблеми. Мајката е постојано вклучена во животот на својата ќерка и ја поддржува, секогаш знае што да каже и да биде личноста што ѝ е потребна на својата ќерка: најдобра пријателка, љубовен експерт, партнер за шопинг, па дури и партнер за злосторство.
Како тоа влијае на ќерката: Девојките што имаат вакви мајки не се плашат да се соочат со предизвиците и да ризикуваат. Бидејќи се чувствуваат сакани и разбрани, тие се впуштаат во врски без страв од одбивање.
3. Странци
Ако претпочитате да ја чувате мајка си надвор од вашиот живот и таа е последната што дознава што ви се случува, вашата врска веројатно му припаѓа на овој вид. Во овој случај, мајката и ќерката не се вклучуваат една со друга во своите животи и не споделуваат никакви проблеми, дури ни најважните, освен ако тоа не е потребно, па тие речиси и не се познаваат.
Како тоа влијае на ќерката: Децата што имаат незаинтересиран однос со своите родители имаат поголема веројатност да западнат во депресија, да чувствуваат вознемиреност и да имаат недостаток на самодоверба. Исто така, тоа може да доведе до фрустрирачки однос со својот животен партнер подоцна во животот. Но, ќерката станува многу одговорна и независна бидејќи секогаш може сама да ги реши своите проблеми.
4. Обезвреднување
Овој случај е сличен на претходниот, но станува збор за едностран случај и вклучува нарцис. Секој е фокусиран само на себе и повеќе се грижи за својот имиџ и за тоа што мислат луѓето, отколку за вистинската врска или за личноста. Таа се обидува да изгледа совршено однадвор, но, во реалноста, ја потценува својата мајка / ќерка.
Како тоа влијае на ќерката: Во случаи кога мајката е нарцис, наместо да се чувствува сакано, ќерката станува емотивно сиромашна и има потреба од постојана потврда за чувствата на другите луѓе. Она што е добро е што таа им е голема поддршка на другите и е многу лојална и прониклива со луѓето. Ако ќерката е нарцис, а мајката не се обидува да го промени нејзиното однесување, ќерката може да стане себична и некултурна личност.
5. Отфрлање
Ова е уште еден случај на еднострано отфрлање и тоа обично ги вклучува мајките што ги отфрлаат своите ќерки. Ова се случува кога таа ги игнорира или ги негира достигнувањата на својата ќерка, без оглед на тоа што направила. Станува збор за случај кога е тешко да се импресионира мајката и таа никогаш не вели дека е горда на својата ќерка, станува апатична или се обидува да ја натера својата ќерка да се обидува уште повеќе за да го достигне недостижното.
Како тоа влијае на ќерката: Ќерките воспитани од вакви мајки растат чувствувајќи длабоко сомневање во себе и се чувствуваат недостојни за внимание или за какви било чувства. Во исто време, тие очајно копнеат по љубов и признание.
6. Бодрење
Во овој случај, мајка е личноста што најмногу ја бодри својата ќерка бидејќи таа сака ќерката да го извлече максимумот од животот и да искуси сè. Мајката е постојано вклучена во животот на својата ќерка и сака да биде дел од него, одбивајќи да прифати какви било граници помеѓу нив и никогаш не ја напушта својата ќерка. Ваквата мајка живее низ достигнувањата на својата ќерка, таа ја поддржува ќерката, но понекогаш ги отежнува работите. Ваквото однесување најчесто произлегува од неостварените соништа на мајката и од работите што таа не ги искусила.
Како тоа влијае на ќерката: Ќерката може да го изгуби чувството за себе и да стане зависна од луѓето, секогаш да чувствува потреба некој да биде покрај неа и да не може сама да донесува одлуки.
7. Диктатор
Овој однос подразбира прекумерна контрола од страна на мајката која постојано управува со животот на својата ќерка бидејќи мисли дека таа нема да успее без нејзините упатства. Таа никогаш не ѝ дозволува на својата ќерка да направи избор и не ги цени нејзините зборови и мислења. Мајката мисли дека тоа го прави за доброто на ќерката, но ќерката се бунтува.
Како тоа влијае на ќерката: Ќерките се премногу критични кон себе, имаат недостаток на самодоверба и не го вреднуваат своето мислење, а тоа може да доведе до депресија. Но, овие девојки се многу одговорни и посветени на своите врски.