Железото е навистина важен минерал што помага во разнесувањето кислород низ телото. Националниот институт за здравје препорачува жените на возраст од 19 до 50 години да внесуваат 18 милиграма железо дневно, а жените над 51 година и мажите над 19 години да внесуваат 8 милиграма дневно. Доколку не внесувате доволно железо може да ви се појави замор, плитко дишење и главоболки. Па, погледнете која храна освен спанаќот е најбогата со железо.
1. Леќа
Бидејќи е достапна во текот на целата година, леќата е одличен извор на железо, хранливи влакна и протеини. Само 150 грама леќа ќе ви дадат третина од препорачаниот дневен внес на железо.
2. Црвено месо
Истражувачите од Универзитетот во Њукасл откриле дека луѓето кои редовно консумираат црвено месо имаат помали шанси да страдаат од недостаток од железо. Ова не значи дека секоја вечер треба да се гостите со црвено месо. Најдобро е неделно да консумирате 500 грама или помалку.
3. Семки од тиква
Само една рака семки од тиква ќе ви помогнат да внесете 20% од препорачаниот дневен внес железо. Семките од тиква исто така се богати со цинк, магнезиум и бакар, како и многу антиоксиданси.
4. Киноа
Оваа алтернатива на ориз, без глутен, е одличен извор на железо. Важно е да ја готвите бавно или да ја оставите во вода. Причината е што киноата содржи киселина којашто ја намалува апсорпцијата на железо кога ќе се активира.
5. Брокула
Само околу 200 грама брокула ќе ви овозможи речиси 10% од препорачаниот дневен внес на железо. Брокулата има и витамин Ц кој му помага на телото да го апсорбира железото.
6. Темно чоколадо
Ова се одлични вести. Покрај тоа што е богато со антиоксиданси, темното чоколадо е добар извор на железо и една порција содржи речиси 20% од дневниот препорачан внес. Само внимавајте на количеството шеќер.
7. Ф’стаци
Ф’стаците содржат речиси 4 пати повеќе железо од другите јаткасти плодови. Можете да ги додадете во јогурт за појадок или да ги користите како крцкава кора за риба или месо.
Дознајте и кои се знаците што покажуваат дека на вашето тело му е потребно железо.