Родените во август се или Лавови или Девици во хороскоп, па токму затоа е и многу лесно да ги засакате. Тие имаат цврсти карактерни особини, и најчесто се одликуваат со способноста да бидат центарот на вниманието или пак, со неверојатната вештина да забележуваат детали. Сигурни сме дека знаете барем еден Лав или барем една Девица во вашиот живот. Можеби дури и вие сте едни од нив. Па, ако сакате да дознаете нешто повеќе за августовските деца, продолжете со читање!
1. Тие се силни и организирани
Лавовите се физички и ментално силни, а исто така и многу харизматични и горделиви. Девиците се многу организирани, прецизни, практични и доверливи. И тие знаат да бидат многу харизматични, но на малку поинаков начин од Лавовите.
2. Тие се родени лидери
Токму поради харизмата и неверојатната самодоверба, личностите родени во август најчесто ги заземаат позициите на лидери, како и сите останати челни места што доаѓаат со некаков вид водство.
3. Тие се меѓусебно компатибилни
Со Лавовите владее Сонцето, па затоа и страста е неизмерен дел од нивниот живот. Девиците, со кои владее Меркур, се одлични кога станува збор за комуникација и координација. Овие парови најчесто одлично се надополнуваат и создаваат совршена рамнотежа во врската.
4. Тие најмалку се согласуваат со Водолиите и Рибите
Водолиите и Рибите се целосна спротивност на Лавовите и Девиците, па затоа и најмалку се согласуваат едни со други. Ова се однесува на сите полиња, од приватното и љубовното, до професионалното. Нивните меѓусебни врски можат да бидат огромен предизвик.
5. Тие се многу паметни, но и тврдоглави деца
Лавовите и Девиците се интелигентни од мали нозе. Но, тие исто така се и многу тврдоглави, најчесто поради истите карактеристики што ги прават интелигентни – нивниот ум и силниот карактер.
6. Тие се често во центарот на вниманието
Лавовите обожаваат да бидат во центарот на вниманието. Тие се многу креативни и не сакаат да се држат до никакви правила. Голем број уметници и актери се родени токму во овој знак. Нивната харизма дополнително им помага да успеат во забавната индустрија.
7. Тие се многу добри учители
И Лавовите и Девиците се одлични кога станува збор за пренесување на нивното знаење. Тие со леснотија можат да ги насочат нивните студенти и да им помогнат да успеат во која кариера и да ја одберат. За ова им помага и нивниот природен авторитет.