70-годишна жена од Уганда роди близнаци

Случај од Уганда докажува дека медицината секојдневно напредува. Имено, 70-годишната Сафина Намукуаја роди близнаци.

„Тоа е извонреден подвиг“, рече нејзиниот лекар, д-р Едвард Тамале Сали кој ја следел бременоста и породувањето со царски рез во болницата за асистирано оплодување.

Раѓањето на своите близнаци, момче и девојче, Сафина го нарече вистинско „чудо“.

<

„Мајката и децата се во добра здравствена состојба и се набљудувани во болница во Кампала“, рече д-р Тамале. Кампала е главниот град на Уганда.

Сафина живее во селото Масака, кое е 120 километри западно од главниот град, а своето прво дете, девојче го родила пред три години. Таа немала деца со нејзиниот прв сопруг, кој починал во 1992 година, и затоа била етикетирана како „проколната“.

Вториот сопруг го запознала во 1996 година, но тој не присуствувал на породувањето и всушност исчезнал кога дознал дека носи близнаци.

„Откако ме примија овде, тој не се појави“, рече таа. Не е објавено дали бременоста е постигната преку донирана јајце клетка или Намукуаја ги замрзнала сопствените јајце клетки додека била во репродуктивна возраст. Во секој случај, оплодувањето е направено со инвитро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.