70-годишен скопјанец изгоре во Сопиште

Во скопско Сопиште неподвижен старец загина во пожар. Трагедијата се случила во куќа во Сопиште, каде што било пронајдено безживотното телото на 70-годишниот скопјанец. Во моментот кога избивнал пожарот, тој бил сам дома. Починатиот живеел со неговиот син, но тој во моментот на пожарот не бил дома. Пожарот е изгаснат од екипа на противпожарна единица.
Причините за пожарот се уште не се познати, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.