Само 24 часа откако загина 35-годишниот португалски мотоциклист Луиш Кaреира на патеката во Макао, се случи нова несреќа, кога на трката CTM Macau Touring Car Cup загина автомобилистот Филип Јау-Вин-Чои од Хонгконг
Несреќниот Чои настрада откако со брзина од 200 километри на час ја изгубил контролата над возилото „Chevrolet Cruzеr“ и се удрил во заштитниот ѕид. Притоа автомобилот се запалил, а потоа се распаднал на да дела.
Во четвртокот на патеката Гуиа на квалификациите за Macau Grand Prix во класата superbike загина португалскиот мотоциклист Луиш Кареира. И тој настрада откако со полна брзина се удри во заштитната ограда на патеката.
Откако во два дена загинаа двајца тркачи, во јавноста се отвори прашањето за безбедноста на самата патека, меѓутоа организаторите на трките ја отфрлија одговорноста за двојната трагедија.
„Патеката ги задоволува сите безбедносни услови и во 60-те години од нејзиното постоење вакво нешто не се случило. Искрено жалиме поради загубата на двајцата возачи“, Жоао Мануел Коста Антунеш, еден од челниците на Macau Grand Prix.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: