Светскиот ден на Гинисови Рекорди – повод за новите ентузијасти

Рекордите се поставени за да бидат урнати, особено на Светскиот ден на Гинисови Рекорди. 

Секој ноември во последните 8 години, организацијата која ги бележи светските рекорди посветува ден на луѓето кои поставиле светски рекорд во некаква конкуренција (без разлика колку несекојдневна), истовремено охрабрувајќи ги другите луѓе да се обидат да го надминат истиот. 

Оваа година, на 15ти ноември, околу 420.000 луѓе се фатија на мамката да се обидат да станат светски рекордери. Меѓу нив беше и Michael Kopp, 18-годишниот Германец кој вртеше топка на својата четка за заби (која беше во неговата уста) подолго од 26 секунди. 

Од друга страна, Јапонецот Kenichi Ito го скрши сопствениот рекорд за најбрзо трчање 100 метри далечина – на сите 4 екстремитети. Неговото време изнесуваше 17.47 секунди. Неговиот сон е оваа дисциплина да биде вклучена во Олимписките Игри. 

Во Велика Британија 28 гимнастичарки успеаа да влезат во еден Mini Cooper.

Рекордите можеби се светски, но еден од одговорните луѓе на организацијата, Craig Glenday, вели дека оваа година има доза на национализам во рекордите. 

“Гинисовите Рекорди се одлична можност за индивидуата да се прослави, но денес сите рекордери во своите подвизи ја нагласуваат и својата националност, тие пробуваат да ја прослават и својата земја. Токму поради тоа Британците го користат Mini Cooper-от. ”

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

 Животни во Гинисовата книга на рекорди! 

 

 Супер радио влезе во Гинис 

 

 Рекорд во ждригање

 

Пронајдете не на следниве мрежи: