Како и ѕвездите меѓу фудбалерите, популарните тренери привлекуваат многу внимание од медиумите. Тоа особено важи кога тие се во период кога тие немаат клуб кој ги обврзува со договор, и кога бараат нов дом.
Тоа е како трансфер-пазарот за фудбалерите – тренерите имаат многу средства со кои можат да кренат прав околу себе.
Еве 5 од најголемите фудбалски имиња меѓу тренерите кои во моментов се без работа – како и обид да погодиме каде тие би можеле да завршат.
5. Josep “Pep” Guardiola
– Последна работа: FC Barcelona
Pep Guardiola е убедливо најголемото име во оваа конкуренција во моментов. Интересот за него е ист колку оној за услугите на играчите како Falcao или Neymar на теренот.
Guardiola (41), ја напушти Barcelona на крајот на минатата сезона, откако во 4 години и донесе 14 трофеи. Тој го доразработи стилот на игра на Barcelona и беше водич на една од најуспешните фудбалски генерации на сите времиња.
За време на оваа сезона, се знае само дека тој се одмора во New York со своето семејство. Но, вистински одмор за ваков фудбалски генијалец не може да има, а со оглед на успехот на Pep со la Blaugrana, тоа никогаш нема да се случи.
AC Milan, Manchester City и Chelsea веќе се наведени како можни дестинации за Guardiola.
Сеуште е прерано да се знае кој ќе биде среќниот клуб што ќе ги обезбеди услугите на Pep, и дали воопшто ќе има тим што ќе го убеди да се врати на терените наредната сезона.
Chelsea би можел да биде интересна опција, но истото важи и за AC Milan. Rossoneri-те имаа катастрофален старт на оваа сезона, па иднината на тренерот Massimiliano Allegri неизбежно е доведувана во прашање. За промени на тренерската позиција се шепоти и на двете страни од Manchester – Mancini не ги оправдува очекувањата на City во Европа, а Sir Alex Ferguson можеби конечно ќе стави крај на својата богата тренерска кариера, а Pep секако има доволно богато резиме за да го замени.
4. Harry Redknapp
Последна работа: Tottenham Hotspur
Harry Redknapp и неговиот Tottenham поминаа голем дел од минатата сезона како конкуренти за титулата во Англија, пред “нивниот воз да отскокне од шините”. Redknapp беше еден од фаворитите да стане селектор на англиската репрезентација, но на крајот остана со празни раце, откако Tottenham реши да го отпушти и неговата позиција да му ја додели на младиот португалски стратег Andre Villas-Boas.
Севкупно, минатата сезона беше големо разочарување за 65-годишниот стратег. Но, неговото искуство (Bournemouth, West Ham, Portsmouth, Southamton) значи дека тој нема долго да биде без работа.
Redknapp минатиот месец во медиумите беше поврзуван со тренерското место во Blackburn, но позицијата ја доби Henning Berg. Исто така, имаше гласини дека ќе стане селектор на Шкотска, но се чинеше дека Англичанецот не е заинтересиран за работата.
Според BBC, Redknapp изјавил дека би сакал “врвна работа во Англија”, така што, ако се отвори место во некој од најдобрите англиски клубови наредната сезона, немојте да се изненадите ако Redknapp го добие.
3. Diego Maradona
Последна работа: Al-Wasl
Maradona, легендарниот поранешен фудбалер на Аргентина кој ја одведе својата земја до триумф на Светското Првенство во 1986, беше отпуштен од клубот од Обединетите Арапски Емирати, Al Wasl во јули. Пред да работи на Блискиот Исток, Maradona беше селектор на Аргентина на Светското Првенство во 2010.
Maradona исто така беше поврзуван со работата во Blackburn минатиот месец. Очигледно, не ја доби работата.
Што е следно? Којзнае… со Diego Armando Maradona секогаш е неизвесно.
2. Rafael Benitez
Последна работа: Inter
Rafa Benitez беше тренер на Liverpool кога “Црвените од Anfield” стигнаа до европската круна во 2005 година, по што следеше влегување во конфликт со сопствениците на тимот и евентуално напуштање во 2010. Наредната задача ја доби во Inter, каде имаше извонреден предизвик да го замени Jose Mourinho после историскиот успех кој Португалецот го постигна со сино-црниот клуб од Милано. Ја загуби работата после половина сезона.
Неодамна беше поврзуван со AC Milan, кога започнаа гласините дека Allegri ќе си замине, но се чини дека неуспехот во Inter остави многу темна дамка на неговото резиме.
1. Bert van Marwijk
Последна работа: Холандија
Составот на Bert van Marwijk се покажа катастрофално лошо на Европското Првенство изминатото лето, а тоа го виде целиот континент. Без никакви изненадувања, селекторот го напушти кормилото на Холандија набрзо по турнирот.
Во моментов тој котира ниско на листите на големите клубови, но неговото резиме сепак вклучува периоди во Borussia Dortmund и во Feyenoord. Последните гласини беа дека van Marwijk ќе стане нов тренер на Wolfsburg, што сеуште е неизвесно, но во секој случај постојат солидни можности тој да се врати на клупската сцена во Германија или Холандија.
Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:
5 тинејџери на радарот на најголемите фудбалски клубови
5те најдобри “глумци” во светскиот фудбал
5те најдобри репрезентации во историјата на светскиот фудбал
Пронајдете не на следниве мрежи: