Еулекс подигна обвинение против екс министерот Лимај за организиран криминал

Специјалниот обвинител на Еулекс на специјалното обвинителство на Косово во петокот покрена обвинение против поранешниот министер за транспорт и комуникации Фатмир Лимај и шест функционери од тоа министерство кои се обвинети за корупција.

Обвинението е подигнато по повеќе од две години, откако службениците на Еулекс го блокираа косовското министерство за транспорт и комуникации барајќи докази за кривични дела.
Делата за кои се обвинети Лимај и неговите поранешни шестмина подредени се случиле во периодот меѓу 2008 година кога Косово прогласи независност и 2010 години, а перењето за што исто така се обвинети се случило меѓу 2009 и 2012 година.
Обвинетиот Фатмир Лимај и другите се обвинети, меѓу другото, и за манипулација со тендерската процедура, давање и примање мито, како и за опструкција при прибирањето докази и искази од сведоците во врска со три тендера на министерството. Се проценува дека касата на косовското министерство за транспорт и комуникации е оштетено за околу два милиона евра.
Лимај, исто така, е обвинет за непријавување пари во време кога ја водеше изборната кампања за градоначалник на Приштина 2007 година.
Фатмир Литмај е потпретседател на владејачката Демократската партија ма премиерот Хашим Тачи и негов близок соработник.
Косово е под притисок на Европската унија и другите меѓународните тела сериозно да влезе во борба со организираниот криминал и корупција.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: