Генералниот менаџер на екипата на Рома призна дека бил пребрз во однос на тоа дека не размислил добро пред да даде изјава во врска со тоа дека наводно екипата на Рома би ги разгледала понудите за Даниеле Де Роси.
Франко Балдини неодамна изјави дека Рома е спремна да ги сослуша оние кои се заинтересирани за трансфер на Даниеле Де Роси.
Сепак, се чини дека Балдини доби „лекција“ од челниците на клубот бидејќи мораше да се извини за тоа што го зборуваше и да порача дека вториот капитен на Рома сепак не е на продажба.
„Бев брз во сево ова кога реков дека Де Роси е на продажба, не е вистина дека сакаме да го продадеме. Сите вие знаете колку тој е важен за овој тим“ изјави Балдини.
ПУЛС24 СПОРТ
( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )
Фудбалерот на Арсенал Сеад Хајровиќ во интервју за „Пулс24“: Сеуште имам време да размислам за Македонија!!!
Борко Ѓорѓиев за „Пулс24“: Сеуште никој не ме повикал да играм за Македонија
Фото: Тоа не е чудо, тоа е новиот миленик на македонската публика… АГИМ ИБРАИМИ!!!
Пронајдете не на следниве мрежи: