По првиот ден, на јубилејното 100-то финале во Дејвис купот, резултатот меѓу Чешка и Шпанија е израмнет, 1:1.
Шпанците поведоа со поенот кој им го донесе Давид Ферер, кој според очекувањата го победи Радек Штепанек со 3:0 (6:3, 6:4, 6:4).
Многу повеќе драма донесе вториот меч, во кој Томаш Бердих по речиси четири часа игра го совлада Николас Алмагро со 3:2 (6:3, 3:6, 6:3, 6:7, 6:3).
Во сабота, на програмата е играта во двојки, Иво Милан и Лукаш Росол против Марсело Гранољес и Марк Лопез.
Во недела на програмата повоторно се мечевите во сингл: Бердих ќе игра против Ферер, а Штепанек за противник ќе го има Алмагро.
Шпанија ја брани титулата во Дејвис купот, додека Чешка со евентуалната победа првпат по 1990 година ќе ги обедини титулите во Дејвис и Федерејшн купот. Пред 22 години тоа го сторија тенисерите и тенисерките на САД.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: