За вистинските љубители на пиво: направена е тастатура од лименки пива

 

Минатиот месец на конференција за веб дизајн во Букурешт, еден производ особено привлече внимание кај сите љубители на пиво. RoboFun во соработка со чешката пивара 'Staropramen', дизајнираше тастатура од лименки пива. Имено се работи за потполно функционална тастатура во облик на лименки на пиво, каде наместо да куцате по копчињата на тастатурата, вие куцате по лименките. 

 

40 празни лименки, споени на мало имаат иста функција како и обична тастатура. Вирел Спин изјави дека имало цела редица на заинтересирани луѓе кои сакале да ја испробаат оваа иновација. 

 

Посетителите, на оваа тастатура ги оставаа своите емаил адреси за да учествуваат во наградната игра која ја организираше 'Staropramen' во Прага. 

 

Производителите објаснија дека тастатурата работи на системот на smartphone и дека не е потребно силно да притискате со цел да куцате. Ова е добро предупредување да бидете внимателни со нешто што може да се здроби со една рака.

 

Погледнете ги и следниве статии:

Најјакото пиво на светот

 

Неколку причини плус за да пиете пиво

 

Најдобрите земји за пиво во светот

 

Пронајдете не на следниве мрежи: