Човек од Минесота чекал чудо, а тоа се појавило во најчуден момент – додека тој поправал напуштена и речиси срушена црква. Имено, на Greg Thomas пред 3 години му бил дијагностициран карцином во четврти стадиум, а болеста се проширила на главата и на вратот.
“Кога открив дека болувам од рак, лекарите му рекоа на моето семејство дека треба да се планира мојот погреб.” – изјавил Thomas.
Набрзо потоа бил отпуштен од работа, па не знаејќи што да прави со слободното време, започнал да оди на долги прошетки со своето куче. За време на една од тие прошетки наишол на напуштена црква во која никој не влегувал повеќе од 100 години. Thomas верува дека токму таа црква му го спасила животот.
“Отишол докај соседите и рекол дека сака да ја бојадиса црквата, па го интересирало кој е задолжен за грижа околу црквата. Тие го упатиле кај мене.” – вели Don Ryanda, благајникот на гробиштата кои се наоѓаат во склоп на црквата.
Thomas ветил дека ќе ја обнови црквата, под услов да му биде обезбеден материјал и да му се даде клуч.
Иако телото му било измачено од хемотерапијата, Thomas започнал да работи на црквата, а кога влегол внатре увидел дека внатрешноста е недопрена.
Тогаш се случило нешто што Thomas го доживеал како вистинско чудо. Откако завршил со уредувањето на надворешниот дел, тој открил дека карциномот започнал да му се повлекува, а уверен е дека се е поврзано.
Има намера да ја заврши својата работа, а наскоро ќе започне да работи на кровот и на внатрешниот дел.
Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:
Безгранично пријателство: бабата Misao и мачката Fukumaru станаа хит на интернет
Во својот пенис вбризгувал маслиново масло, тестисите му добиле големина на кокоси!
Го пронашол својот двојник од XVI век
Пронајдете не на следниве мрежи: