Jamie Oliver можеби објавува свое списание, кое сега се продава на двете страни на Атлантикот, но се чини дека тоа не значи дека тој истото го чита.
Барем така претпоставуваме откако прочитавме неодамнешно интервју на најпопуларниот готвач во светот со британскиот весник “The Independent”, каде што Oliver признава дека никогаш не прочитал книга. Повторуваме. НИКОГАШ НЕ ПРОЧИТАЛ КНИГА.
“Никогаш не сум прочитал никаква книга во животот. Знам дека звучам лошо, но сепак, страдам од дислексија и многу лесно губам концентрација. Единствената книга која за малку ќе ја прочитав беше 'Kitchen Confidential' од Anthony Bourdain. Но, тогаш авторот дојде во Велика Британија и ме критикуваше во сите можни списанија. Од нервоза ја запалив книгата. Од тогаш тој се извини и се смиривме. Веројатно треба да го прочитам остатокот сега.”
Среќни сме што Oliver и Bourdain ги “закопале секирите”, но дислексијата не ги сопрела Hans Christian Andersen, Agatha Christie, F. Scott Fitzgerald и други од пишување на светска литература, а можеме да замислиме колку тие прочитале за да дојдат до тоа.
Сериозно, Jamie, прочитај нешто!
Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:
Adele не ни помислува да слабее!
Catherine Zeta Jones: Психички сум болна и не се срамам од тоа!
Џони Деп влезе во светот на книгите
Пронајдете не на следниве мрежи: