Слика на денот: млад заложник позирал насмеан

Десетгодишното момче, на кое криминалец му држел пиштол на главата цели 20 минути, стекна светска слава затоа што за фотографите позираше насмеан и со подигнати палци. 

Иако седум години постариот криминалец можел да го повреди (подоцна сепак се дознало дека пиштолот не бил наполнет), младиот Бразилец толку бил воодушевен што ќе излезе до весниците, па не можел да одолее на насмевката. 

Заложничката криза во бразилскиот град Ananindeui, секако, на останатите не им била ни малку забавна, посебно на загрижените родители и на полицајците. 

Агресивниот криминалец го користел детето како штит, а го пуштил дури откако му го исполниле барањето да се доведат претставници на медиумите.

Криминалецот бил фатен како краде моторцикл, а имал и соучесник кој успеал да побегне и по кој полицијата сеуште трага.  

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии: 

 

 На фалсификувана банкнота од 100 долари го ставил погрешниот лик

 

 9 годишно дете украло 3000 евра за да си купи слатки

 

 Доставувач на пица убиен поради доцнење

Пронајдете не на следниве мрежи: