71-годишен скопјанец со четирицикл удрил во ѕид од куќа

Ноќеска во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„4“ во с.Стајковци, скопско, Г.Р.(71) од Скопје, управувајќи четирицикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид од куќа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: