Детскиот сон на Ким Кардашијан е да стане принцеза. Во бројни интервјуа за нејзиното детство таа често зборува за фасцинантноста од кралските дворци, начинот и стилот на живот и секако за креациите на принцезите.
Па затоа не не ни чуди нејзината желба да се дружи со принцезата Кејт Мидлтон. Како што дознаваат британските медиуми, Ким Кардашијан ја поканила принцезата на чај, но таа веќе ја одбила два пати.
Но стралетата не се откажува толку лесно од своето кралско друштво. Таа секоја недела и праќа прачиња облека со потписот Ким Кардашијан на принцезата Кејт.
Принцезата ги вратила четирите пакети што пристигнале до сега, а притоа нејзините пријателки изјавија за медиумите дека Кејт дека ниту мртва нема да облече нешто од колекцијата на Крадашијан, бидејќи таа облека не е достојна за кралското семејство.
Пронајдете не на следниве мрежи: