Што сакаат мажите за предигра?

Вообичаено се мисли дека жените се оние кои многу повеќе ја сакаат предиграта, но најновото истражување го покажува сосема спротивното, потврдувајќи дека дури 88% од мажите ја посакуваат предиграта, зачинета со долго разменување на нежности, бакнувања, и тивка музика.

Најголем дел од мажите, околу 40% го применуваат методот на отворен разговор со девојката за самиот сексуален чин, а само 28% откривајќи ги своите намери преку интимна музика и долго милување.

Орален секс – Нема маж кој не посакува да ја задоволи својата партнерка, па затоа и не е чудно што поголемиот дел од мажите во предиграта се одлучуваат за орален секс, а третина од нив разнежнувајќи ја својата сакана преку бакнежи по целото тело. Но, да не заборавиме и мажите се оние кои уживаат во оралното задоволство подеднакво.

“Кинематографија” – На мажите порно филмовите им се “омилена литература”, но кога се со својата партнерка 47% од нив се изјасниле дека во тие моменти многу повеќе посакуваат да и се фокусираат на својата сакана, додека само 25% таа опција ја сметаат за најдобра можна предигра.

Секси играчки – 52% од мажите со задоволство би ве дочекале со отворена врата и идеата да вашата предигра вечерва ја започнете со некоја секси играчка или додаток, додека само 3% од анкитираните мажи признаваат дека по некое време таквиот начин на предигра им станува здодевен, пришто посакуваат што побрзо да преминат во “акција”.

 

 Погледнете ги следниве статии

 Идеалниот секс трае 31 минута

 

 

 

 

 

 

 

 Најчести изговори за одбивање на секс

 

 

 

 

 Девет особини кои жените ги посакуваат кај мажите

Пронајдете не на следниве мрежи: