Осамен џин лута по галаксиите

Loading...

Нема ѕвезда околу која се врти, нема планети со кои го дели својот дел од универзумот. Се работи за CFBDSIR2149 – планетата која сама лута по хаосот на универзумот. 

Се што познава овој џин се темнината и самотијата. Нема одредена локација, а оддалечен е 130 светлосни години од Земјата. Станува збор за планета со големина на Јупитер, а сепак е многу тешко да се види. 

Анализирајќи го неговото инфрацрвено зрачење, научниците успеале да откријат некои негови карактеристики, како хемискиот состав и масата, која е од четири до седум пати поголема од масата на Јупитер. 

Планетите без ѕвезди не се толку ретка појава, но сепак е многу тешко да се откријат. Таквите планети обично настануваат далеку од своите матични ѕвезди, или се исфрлени од своите планетарни системи во зачетокот на своето создавање. 

Но, иднината на темниот џин можеби и не е толку самотничка, бидејќи се чини дека се вклопил во група од млади ѕвезди со кои патува низ вселената – откриваат астрономите. 

 

Ви препорачуваме да ги прочитате и следните статии:

 

 Откриена нова планета слична на Земјата

 Астероид со големина од околу 50 метри ќе пролета крај Земјата

 

 Видео: Контролната соба на НАСА при слетувањето на Кјуриосити на МАРС

loading...
Loading...