Ограбил банка, а целта му била да отиде во затвор

Loading...

Бездомник ограбил банка во Orange County, California, но тој вели дека сакал да биде уапсен за да добие засолниште и нега – во затвор, се разбира. 

James Lannon (55) им кажал на полицајците дека сакал да оди во затвор затоа што ги минувал студените ноќи на улиците и затоа што му требале лекови за неговите проблеми со срцето. Лековите не можел да си ги купи. 

Lannon рекол дека одлучил да ја ограби банката Wells Fargo на Westminster Boulevard така што му подал ливче со текст на еден од вработените. Вработениот се завртел и ги предупредил сите дека има грабеж, по што следела филмската процедура – сите легнале на земја. 

Неговата приказна не се слуша прв пат. Во мај, човек од Georgia кој бил гладен фрлил со камен по прозорец на судница за да добие сендвич и сок во затвор. 

Во 2011, човек по име James Verone влегол во банка и на вработениот му подал ливче на кое било напишано “Ова е грабеж, ве молам дајте ми еден долар.”, а потоа седнал на столче и ја чекал полицијата да пристигне. Verone подоцна изјавил дека го направил тоа затоа што имал здравствени проблеми, а немал пари за да се излечи. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

 Ја тужел жена му затоа што била грда

 

 Бизарно: Се оженил со сестрата на својата сопруга, сведок му било нејзиното мртво тело

 

 Германец го најде автомобилот по две години

loading...
Loading...