Храбар нуркач уживаше во друштвото на анаконда долга 8 метри

Храбриот нуркач и ентузијаст Франко Банфи (53) кога се во прашање змиите, успеа да направи неверојатни фотографии на огромната осум метарска анаконда која живее во Бразил.
Бестрашниот Франко и се придружил на змијата во нејзиното живеалиште додека таа лежела на обалата притоа носејќи го само својот фотоапарат. За среќа на овој навистина храбар човек змијата била штотуку најадена, па затоа и не немала причина ниту заинтересираност за напад на овој среќник.
Ваквиот тип на змија го демне и фаќа својот плен, само неколку сантиемтри под површината на водата притоа никој не забележувајќи ја, и покрај нејзината големина.
Има шест типови на анаконди, а Јужна Америка или Амазонската регија би биле едни од местата каде може најчесто да го сретнеме овој тип на џиновски змии.
Регија која е позната по својата разноликост и природна убавина, секоја година привлекувајќи по илјадници туристи и посетители.

 
 
 
 
 
 
 
 
 

Пронајдете не на следниве мрежи: