По фантастичниот гол (еден од вкупно четири) кој Ibrahimovic го постигна против Англија, можеби за прв пат зборовите со кои Ibrahimovic се опишува себеси ги кажаа и други луѓе. Ibrahimovic отсекогаш важел за фантастичен фудбалер во сечии очи, но понекогаш знаел и да претера кога зборувал за себе. Како и да е, факт е дека благата арогантност не го спречува Zlatan да им помага на своите соиграчи на теренот. Овој пат немаше никој кој остана рамнодушен на маестралниот Ibracadabra.
Со оглед на тоа што на Ibra не му е проблем да си купува нови копачки, тој одлучи оние со кои со кои го постигна чудесниот гол против Англија да ги даде на својот соиграч Jonas Olsson, кој раководи со своевидна хуманитарна организација, за Olsson да може да ги даде на случајно избрана личност од кругот на луѓе кои донираат пари за предвремено родени бебиња. Ова значи дека и вие имате шанса да ги добиете.
“Јас и мојата партнерка Frida го започнавме ова за да ја покренеме свеста кај луѓето за проблемите со предвременото пораѓање. Ова е чувствителна тема за нас, затоа што нашата ќерка Iris Anabelle се роди 7 недели порано од предвиденото.
Со цел да помогнам, постојано ќе правам аукции на фудбалски реквизити како дресови, копачки итн. Сите донации ќе се прават преку оваа страна. (www.justgiving.com). Минималната донација која ја бараме изнесува 5 британски фунти (ве молам оставајте информации од Twitter или e-mail адреса со вашите донации). Целта е да се соберат 10.000 фунти. Кога ќе стигнеме до 5.000 фунти, јас ќе додадам уште 5.000 за да ја достигнеме посакуваната бројка, а предметот ќе отиде кај најсреќниот од вас.”
Ако решите да донирате и кај вас завршат копачките на Zlatan, се надеваме дека сте подготвени за големата моќ која доаѓа со нив. Среќно!
Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:
ФИФА: Ибрахимовиќ задоцни седум часа
Ибрахимовиќ: Јас сум жива легенда
Ибрахимовиќ: Е сега сум како Меси!!!
Пронајдете не на следниве мрежи: