Првиот целосен костур на џиновска личност е пронајден во близина на Рим. Но, најзанимливо би било што во тоа време од кога потекнува овој костур, просечната висина на мажите била значително помала.
Ова откритие е вистинска ректкост, со оглед на тоа што ваквиот џиновски раст на мажите била навистина ретка појава, од милион луѓе само три би биле со таков случај на раст.
Сеуште не е познато како пронајдениот костур на мажот кој инаку бил висок и повеќе од два метри, го доживувале останатите во тој специфичен период кога бил жив, бидејќи како што веќе напоменавме таквиот вид на раст и височина била невообичаена појава за тој временски период.
По подолгото истражување некои од научниците дојдоа до сознание дека мажот на кој е пронајден џиновскиот костур, всушност боледувал од тумор, што би била и една од наверојатните причини и претпоставки за неговиот абнормален раст.
“Не можете да ја проучувате болеста, мора да ја гледате пошироката слика, начинот на којшто функционирале во тогашните друштва и социјализација, дали оние кои по нешто секогаш се издвојувале биле третирани секогаш на некој поинаков начин”, изјавила Шарлот Робертс, специјалист од полето на биоархеологијата.
Погледнете ги следниве статии
Чудо во Минесота – карциномот започнал да му се повлекува додека поправал црква
Колекционер на 7.000 коски од животни
Мислела дека се дебелее, и извадиле тумор од 28 килограми
Пронајдете не на следниве мрежи: