Зградата на Офицерскиот дом е изградена според проектите направени од страна на архитектот Билијам Баумгартнер, кој бил руски емигрант. Проектите за градбата на овој објект се изработени во 1925 година, кога и е започната изградбата, а конечната завршница завршила во 1929 година.
Домот се наоѓал на местото каде претходно се наоѓала Бурмали-џамија, од десниот брег на реката Вардар. Објект кој бил третиран во стилот на класицистичкиот академизам, со што до посебен израз доаѓале фасадите на колосалните столбови, прозорските отвори кои имале поглед кон реката Вардар, како и примената на развиени во архитектурата и градежништвото познати под името венци и профилаци.
Ентериерот се одлукувал со богат раскош својствен за една монархистичка зграда, со интернационален стил на уредување, надополнет со блесокот од скапите материјали, специјално изработените парчиња мебел како и раскошот на свечената сала.
За салата и нејзиниот раскош биле виновни големите кристални лустери, вѕиданите таканаречени коринтски столбови како и посебните додатоци на прозорците.
Катастрофалниот земјотрес во 1963 година, со својата разурнувачка моќ на овој фасцинантен објект му нанесе штета која поради преголемата потребна инвестиција за повторна изградба или реновирање, беше пресудна за негово комплетно уривање во 1964 година.
Погледнете ги следниве статии
Галерија слики од старо Скопје
ФОТО: Охрид во минатото
ГТЦ во Скопје ќе добие нова футуристичка фасада
Пронајдете не на следниве мрежи: