Новите 10 најлуди и најбизарни светски рекорди

Пред два дена се одбележа Светскиот ден на Гинисовите рекорди, па не би било ни за чудење што 420.000 луѓе од светот решија да ја искористат својата шанса за влез во Книгата на рекордите.

Во прилог прочитајте ги 10-те најлуди и најбизарни рекорди кои беа поставени.

1.       Најголем број на луѓе кои во исто време мавтаат со своите раце – Преку 400 студенти и вработени при универзитетот St. Joseph во Пенсилванија, во исто време мавтаа со своите раце имитирајќи ги движењата на крилјата на школските маскоти кои со години ги бодрат нивните спортисти. (именуваната школска маскота е јастреб)

2.       Најголем број на луѓе во еден Mini Cooper – 23 девојки гимнстичарки, го најдоа начинот да се влезат во класичниот модел на Mini Cooper во Лондон, но бидејќи поставениот рекорд го сметаат за незадоволувачки, поставија нов, притоа 28 девојки повторно влегувајќи во овој модел на кола, но овој пат во новата верзија на Mini Cooper 2012.

3.       Најбрзиот човек со сите “четири” – Јапонецот Kenichi Ito својата трка на сто метри ја заврши за неверојатни 17,47 секунди со што постана најбрзиот човек на светот кој ги употреби и своите раце при своето трчање, или подобро кажано трчајќи ви животниска позиција.

4.       Најголема подигната тежина со очни капаци –  Manjit Singh од Англија со своите очни капаци успеа да подигне тежина од 23 килограми.

5.       Најголем број на облечени гаќи – Steve Jacobs е името на човекот кој облече 266 пара на гаќи и боксерици се со цел поставување на нов светски рекорд.

6.       Најдолго отсвирен тон на didgeridoou –  15 годишниот Lachan Phelps од Австралија успеа да го издржи едниот исти тон на овој традиционален инструмен цели 65,5 секунди,

7.       Најдолго вртење на кошаркарска топка на четкичка од заби – Michael Kopp (18) е името на момчето кое успеа да врти кожаркарска топка на четкичка од заби која ја држел со своите заби подолго од 26 секунди.

8.       Најголем број на одеднаш фатени стапчиња – Во рок од само една минута Joe Alexander успеа да фати 15 одеднаш кои му биле фрлани на одалеченост од два метри.

9.       Најголем број на луѓе во традиционалниот танц Kaikottikali – Повеќе од 2600 луѓе во Мумбаи беа дел од поставувањето на овој рекорд играјќи го овој традиционален танц.

10.   Најголемата монета од чоколадо – Најголемата чоколадна монета е направена во Болоња имајќи дијаметар од 196 и 17 сантимети дебелина.

 

Погледнете ги следниве статии

 Светскиот ден на Гинисови Рекорди – повод за новите ентузијасти

 

 

 Супер радио влезе во Гинис

 

 

 

 

 Животни во Гинисовата книга на рекорди!

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: