Новите истражувања покажуваат дека генијалноста на Алберт Ајнштајн се должи на посебниот облик на неговиот мозок.
За овие цели, неговиот мозок беше спореден со 85 мозоци на 'нормални' луѓе за да се забележи дали ќе има некакви посебни обележја. Иако величината и асиметричноста се покажуваат како нормални, сепак некои обележја како што е мозочната обвивка и задниот, темениот и челниот дел се прилично посебни.
Постои веројатност дека токму поради тоа тој размислувал толку генијално и ги поврзувал мозочните импулси толку брзо за да ја има таа математичка способност.
Со помош на употребата на 14 фотографии од мозокот на Ајнштајн, научниците можеа во потполност да ја испитуваат неговата мозочна кора.
Имено мозокот на Ајнштајн беше фотографиран и испитуван после неговата смрт во 1955, секако со дозвола на неговото семејство.
Погледнете ги и следниве статии:
Мозокот на Ајнштајн на Ipad
Писмо од Ајнштајн се продава за три милиони долари
ФОТО: Ајнштајн е виден како вози такси?!
Пронајдете не на следниве мрежи: