“Производ“ кој го мери времето преку своето течење на мастилото кое споро, но сосема доволно ја обликува посакуваната дата низ “капилари” изгравирани на подлога од картон.
Овој таканаречен “Календар од мастило” е дело на лондонскиот дизајнер Оскар Дијаз, кој своите знаења од полето на физиката ги применува на феноменален начин притоа изразувајќи ја својата неверојатна креативност.
Секој ден мастилото ја постигнува и бои посакуваната дата, при што на тој начин станува и видлив.
Сепак да напоменеме живееме во свет во кој е се измислено и во кој е навистина тешко да бидеш оргинален, толку тешко да веројатно никогаш во историјата и не било толку како досега.
Да ја имаш способноста да воодушевиш преку некој свој изум, притоа споделувајќи ја својата идеја и откритие со остатокот од светот, е нешто за кое навистина би требало да се потрудиме притоа искористувајќи ги сите наши потенцијали за кои може и не сме свесни дека ги поседуваме.
Погледнете ги следниве статии
Кога вашите мисли се претвараат во “музика”
Првиот хамбургер во вселената
Осамен џин лута по галаксиите
Пронајдете не на следниве мрежи: