Обама го поддржува правото на одбрана на Израел

Американскиот претседател Барак Обама рече во неделата дека во целост го поддржува правото на Израел на одбрана и ги повика милитантите во Газа да прекинат да лансираат ракети врз Израел за да може да се продолжи мировниот процес, што е услов и на израелските власти.

„Нема земја на планетата кој би трпела ракети кои паѓаат на нејзините граѓани истрелани преку границата. Во целост го поддржуваме правото на Израел да се брани“, рече американскиот претседател Барак Обама во текот неговата посета на Тајланд, во рамките на азиската турнеја.
Истовремено министерот за надворешни работи на Израел, Авогдор Либерман, изјави дека неговата земја е подготвена да го разгледа примирјето под услов палестинските вооружени групи да го прекинат ракетирањето на израелска територија.
„Наше единствен услов за примирје е терористичките групи во Газа да го прекинат огнот. Кога ќе го прекината лансирањето на ракети, ќе бидеме подготвени да го разгледаме предлогот за примирје на францускиот министер за надворешни работи“, додаде Либерман во говорот пренесуван на израелското државно радио.
„Војната треба и мора да биде избегната францускиот претседател Франсоа Оланд бараше од мене да дојдам бидејќи ситуацијата е итна. Инсистираме на итност и нужност од прекин на огнот“, изјави шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус за новинарите кои го следат неговиот престој во Израел и на палестинските подрачја.
Фабиус доаѓа во посета на петтиот ден од израелскиот од израелската воена операција против палестинските милитанти во Појасот Газа.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата изјави дека е подготвен значително да ја прошири операција, што претпоставува и копнено навлегување на израелските војски во палестинската енклава за што се мобилизирани 75 илјади припадници на резервниот состав.
Во недела продолжуваат борбените дејствија и од двете страни, иако Египет кој се обидува да посредува во судирот, се надева дека може да се постигне прекин на огнот.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: