Повеќето Британци против ЕУ

Многу повеќе од половината испитани Британци сака нивната земја да излезе од Европската унија, произлегува од анкетата што ја спровела агенцијата The Opinion/Observer, за весникот The Guardian.

Антиевропските чувства се силни во сите три водечки британски политички партии, исто така, произлегува од анкетата од саботата.
Резултатите покажуваа дека 56 отсто испитаници веројатно
Или сигурно би гласале за излегување на Велика Британија од Европската унија, кога некој би им понудил таква референдумско прашање.
Вкупно само 28 отсто од веројатните гласачи сметаат дека ЕУ е „добра работа“, а 45 отсто сметаат дека е „лоша работа“. Возрасната група од 18 до 34 години е единствената во која поддршката за ЕУ е мнозинска – 44 отсто се за ЕУ а 25 отсто се против ЕУ.
Според аналитичарите ова испитување на јавното мнение уште повеќе ќе го зголеми притисокот врз британскиот премиер Дејвид Камерон при преговорите за буџетот на ЕУ. Камерун се подготви за самитот на ЕУ во четврток во Брисел, каде што челниците на Унијата ќе се обидат да постигнат финансиски договор за идните седум години, по 2014 година.
Испитаниците во анкетата покажале дека ен се задоволни од ЕУ без оглед на партиските наклонетости За излегување од ЕУ биле 68 отсто гласачи на конзервативната партија, 44 отсто лабуристи и 39 отсто либерални демократи. Тие резултати може да влијаат врз трите најголеми партии, пишува весникот, бидејќи им се заканува опасност да ги изгубат избирачите кои би можеле да се приклонат на антиевропската партија Ukip којашто во моментов има поддршка од десет отсто, што е за два процента повеќе од либералните демократи.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: