Кинеската полиција спасила “секс-кукла” од давење

Loading...

Голема полициска акција била организирана за спасување на “жена” од давење во водите на река во областа Шандонг во Кина, во која биле инволвирани 18 полициски службеници. Акцијата била одговор на повици од народот.

Но, кога “жената” била извлечена од реката од страна на еден од полицајците, станало очигледно дека всушност се работи за секс-кукла. Околу 1000 луѓе биле собрани на местото на настанот за време на акцијата која траела околу 1 час, а на крајот куклата била претставена на јавноста. Родителите им ги покривале очите на своите деца додека го напуштале местото на настанот, бидејќи се испоставило дека настанот не е толку “интересен” колку што претходно изгледал. 

Официјално лице од полицијата изјавило дека полицајците морале да дејствуваат, бидејќи куклата имала слични димензии на реална жена, а и изгледала прилично убедливо. Областа Шандонг има развиена индустрија, а изработката на вакви кукли не е реткост, па не е ни чудо што куклите можат да се најдат на невообичаени места. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

 “Робосекс” на иднината за подолг живот

 

 5 дена со вибратор од 23см во себе

 

 Ја тужел жена му затоа што била грда

loading...
Loading...