Хамилтон победи на трката во Тексас

Возачот на Мекларен, Луис Хамилтон, победи на претпоследната трка во шампионатот на Формула 1, Големата награда на САД.

Хамилтон до четвртата победа во сезоната, вкупно 21-ва во кариерата стигна на новоизградената патека во Остин, Тексас. Како втор низ целта мина актуелниот светски првак Себастијан Фетел на Ред Бул, додека на третото место се пласира Фернадо Алонсо на Ферари.
Клучниот момент на трката, која од пол позицијата ја започна Фетел се случи во 42-от круг кога Хамилтон успеа да го мине актуелниот шампион и да стигне до победата.
Во пресрет на последната трка во Бразил, Фетел има 13 бодови повеќе од Алонсо.
Бодови во Остин освоија уште Маса (Ферари), Батон (Мекларен), Раиконен (Лотус), Грожан (Лотус), Хулкенберг (Форс Индија), Малдонадо (Вилијамс) и Сена (Вилијамс).
На трката во Тексас, екипата на Ред Бул ја обезбеди титулата меѓу конструкторите, со што влезе меѓу великаните Ферари, Мекларен и Вилијамс, како екипи кои три години по ред ја освојувале титулата меѓу констрикторите.
Следната трка, последна во годинешното првенство во Формула 1 ќе се вози на 25. номеври, на патеката Интерлагос, во Бразил.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: