Го прославил 106-тиот роденден, а бил прогласен за мртов пред 76 години

Старец од Велс го прославил својот 106-ти роденден минатиот викенд, а веќе поминале 76 години откако бил прогласен за мртов. 

Во 1936, докторите процениле дека телото на Sam Ledward треба да се закопа, откако утврдиле дека човекот починал. Тој заработил сериозни повреди од несреќа со мотор. 

Додека го носеле кон мртовечницата, еден од вработените во болницата забележал дека Ledward пројавува знаци на живот. Тој не бил мртов, туку бил во кома. 

“Нема да се ослободите од мене толку лесно” – рекол Ledward. Пет дена по овој случај, тој се разбудил од кома. 

“Првите сеќавања ми се дека некој стоеше покрај мојот кревет, држеше нешто во раката, а јас го удрив и што и да беше тоа што го држеше, падна на земја.” – изјавил старецот за BBC.

Се испоставило дека времето на Ledward сеуште не му било дојдено, па дури денес живее необично долг живот. Тој и неговата сопруга Edith живееле заедно во Blackpool додека таа не починала во 1993. 

Сега, Millie Minshall (90), братучедка на Edith, се грижи за Ledward во северен Велс. Тој сеуште чувствува последици од несреќата со моторот. 

“Сеуште има последици, но морате да се насмевнете и да издржите, нели? Се чувствувам одлично за моите години.”

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

 Безгранично пријателство: бабата Misao и мачката Fukumaru станаа хит на интернет

 

 Го пронашол својот двојник од XVI век

 

 Чудо во Минесота – карциномот започнал да му се повлекува додека поправал црква

 

Пронајдете не на следниве мрежи: