Израел за пет дена одбил 44 милиони сајбер напади

Израелските власти за пет дена од започнувањето на воените операции во Појасот Газа регистрирале околу 44 милиони сајбер напади врз владините интернет страници, пренесуваат во понеделникот по локално агенциите.

Израел, од мината среда 14-ти ноември ја спроведува во палестинската енклава Појасот Газа воената операција „Облачен столб“, чија цел се милитантите и уништување на нивната инфраструктура. Иако операцијата е сведена на напади од далечина, владата на Израел не ја исклучува можноста за копнена инвазија врз Газа, откако од палестинска страна беше одговорено со ракетни напади врз израелските градови.
„Сите сајбер напади се одбиени, со исклучок на еден, извршен врз одреден ресурс кој не беше во функција шест-седум минути“, изјавил во неделата шефот на израелското министерството за финансии, Јувал Штајниц, пред одржувањето на редовната средба на владиниот кабинет.
Штајниц не кажува кој е одговорен за хакерските напади, но вели дека владата успеала успешно да ги одврати речиси сите, притоа избегнувајќи сериозно нарушување на нивното функционирање
Како што претходно во саботата соопштија претставници на хакерската група Anonymous, тие пробиле и продреле во базите со податоци на околу 700 израелски интернет ресурси, меѓу кои и интернет страницата на една од најголемите банки во Израел, „Bank of Jerusalem“.
Тие соопштија и дека успеале на кусо да ја онеспособат и страницата на израелското министерство за надворешни работи како протест против воената акција, а особено по наводната закана од израелска страна дека ќе ги прекинат сите комуникации и интернетот во Појасот Газа.
Оваа изјава на хакерите израелскиот министер не ја коментирал. Тој не посочува како Израел се справува со координираните напади, и добил да открие од кои земји тие доаѓаат.
Истакнува дека е направена добра заштита на „суштински интернет страници“. „Ова е невиден напад, а нашиот успех е поголем отколку што се очекуваше“, вели Штајниц.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: