Британскиот актер Даниел Крег во неделата ненадејно се појавил Авганистан во посета на војниците од британскиот контингент носејќи им лично копија од последниот филм од серијалот за неуништливиот таен британски агенти – „007: Координати Скајфол“.
Во соопштението издадено од британското министерство за одбрана се наведува дека Даниел Крег ги посетил британските војници во кампот „Бастион“ и со сите 800 го одгледал филмот „… Skyfall“. Ја обиколил целата база, разговарал со војниците ја посетил болницата во кампот и истрелал неколку рафали на полигонот за вежбање со тешко вооружување.
„Имавме многу посетители тука, но доаѓањето на Џејмс Бондф навистина беше посебно“, изјави војникот Роб Инграм.
Филмот „Skyfall“ e 23-то продолжение од франшизата за тајниот агент 007 „во служба на Нејзиното височество“ со „лиценца за убивање“, и досега доби одлични критики од филмските критичари, а бележи и одлични финансиски резултати на киноблагајните ширум светот. Војникот Ивбери Шејн вели дека атмосферата во кампот за време на прикажувањето на филмот била „усвитена“.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: