Актерот Даниел Крег ги изненади британските војници во Авганистан, појавувајќи се во кампот во Басион во провинцијата на Хелманд, се со цел да им го претстави својот најнов филм за Џејмс Бонд “Skyfall”.
Според соопштението од страна на Министерството за одбрана, по краткиот говор пред собраните војници 44-годишниот актер се запозна со неколку од војниците.
Крег пукаше со оружјето кои го користат Британците во Авганистан, притоа посетувајќи ја и болницата специјализирана за лечење на пациентите кои страдаат од трауми.
“Беше добро за моралот на сите. Многу убаво од негова страна што издвои време и не посети сите нас овде”, изјави еден од медицинските техничари.
“Skyfall” е 23 филм во серијалот за Џемс Бонд, со досегашна вкупна заработка од 669 милиони долари.
Пронајдете не на следниве мрежи: