Според пријатели блиски на актерката, Кети Холмс планира да посвои дете. Имено, нејзината мала ќерка Сури, која неодамна помина низ тежок период по разводот на нејзините родители, Том Круз и Кети Холмс, изразила желба да добие сестра.
Според се што слушнавме и видовме изминатиот период, Сури важи за доста разгалено дете кое добива буквално што ќе посака.
Таа добива подароци од своите родители како дијамантски накит, можност да остане будна навечер колку сака, појадува чоколадо и слично, па затоа не е воопшто чудно што Сури веќе неко време посакува помала сестра, а Кети веќе планира да и го исполни тој сон.
Таа се доверила на еден од своите пријатели дека веќе размислува да посвои 2 годишно девојче.
Малата Сури и нејзината мајка, ќе го поминат денот на Благодарноста кај Том Круз, во Англија, бидејќи тоа било најдобро за малата принцеза.
Пронајдете не на следниве мрежи: