Седум лица, меѓу кои и едно осумгодишно дете, се повредени во понеделникот изутрина во српскиот град Крагуевац, откако на нив налетал автомобил.
Незгодата се случила на автобуска постојка, кога автомобил BMW со белградски регистерски таблички скршнал од коловозот, преминал на левата страна од патот, по што закачил во пешачко острово и на крајот завршил меѓу патниците кои чекале автобус.
Со оглед дека автобуската постојка се наоѓа во непосредна близина до Итната помош во Крагуевац, повредените биле веднаш згрижени и во тек е преглед и дијагностика.
Во тек е увид за несреќата, а одредени српски медиуми шпекулираат дека автомобилот го возел ватерполист, член на локалниот клуб Раднички.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: