Обама во Мјанмар

Американскиот претседател допатува во понеделникот во куса посета на Мјанмар, со што стана првиот американски претседател, кој додека е на функција ја посетил оваа држава, што порано се нарекуваше Бурма.

Вашингтон на овој начин ги наградува напорите на владејачките мјанмарски режим, кон во последните година и половина покрена низа политички реформи насочени кон демократизација на државата. Реформите вклучуваат и влегување на славната дисидентка Ан Сан Су Чи во парламентот, ослободување на стотина политички затвореници и преговори со востаничките групи од етничките малцинства.
Обама, кој кон крајот на денот се очекува да пристигне во Камбоџа на азискиот самит, разговараше со претседателот Теин Сеин, кому му се припишуваа главната улога во покренувањето на реформите од март 2011 година
Обама ја одбра Азија за прво патување по реизборот, што илустрира дека надворешната политика ќе биде насочен кон овој континент.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: