Пожар ја затвори железницата во Стокхолм

Пожар што избувнал во еден од вагоните на железницата во Стокхолм го запрел сообраќајот во центарот на шведската престолнина, во неделата попладне, јавуваат шведските медиуми.

Службите за итна помош биле алармирани околу 13.40 часот во неделата, а станицата била евакуирана и затворена. Сите парнички возови од централната станица биле стопирани и вратени назад.
Возот бил паркиран на платформата на во него немало луѓе.
Човек што работи во националниот железнички оператор за `Aftonbladet` вели дека возот бил паркиран за чистење кога избувнал пожарот.
Откако избувнал пожарот кусо време снемало струја меѓу станиците Стокхолм југ и Солна.
Според шведската транспортна администрација Trafikverket, кочниците на возот X2000 биле расипани, што довело до чадење, а подоцна избил и огнот, кој се проширил на два вагони.
Полицијата смета дека краток спој довел до искри што го поттикнало пожарот.
Сепак, противпожарната служба на Стокхолм го има последниот збор во однос на причината за пожарот, како и во проценката на штетата.
До 14.30 часот огнот бил под контрола, а сообраќајот повторно бил воспоставен околу 15 часот, со значително задоцнување на следните возови во текот на попладнето.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: