Цилиндричниот шешир и стап кои беа дел од костимот по кој сите го паметиме препознатливиот Чарли Чаплин, се продадени на аукција во Лос Анџелес за солидни 62.500 долари.
Аукциската куќа “Bonhams” го истакна соопштението во кое се наведува дека препознатливиот шешир и стапот се продадени, во аукцијата која беше организирана за време на викендот, каде меѓу останатите предмети, предмет на аукција биле и едно од писмата на Џон Ленон со цртеж околу него и Јоко Оно -гола, писмо кое е продадено за 25.000 долари, додека сетот од оргинални фотографии со Мерлин Монро биле продадени за 21.250 долари.
Меѓу останатите предмети е и сликата на Френк Синатра која била продадена за скромни 10.652 долари.
Пронајдете не на следниве мрежи: