Llorente одбил да се појави на прес конференција за Bilbao

Fernando Llorente одбил да се појави на прес конференција за Athletic Bilbao по денешниот тренинг, потврдуваат од клубот. 

Врската меѓу напаѓачот и баскискиот клуб претрпе многу удари во последните неколку месеци, откако ова лето тој одби да го обнови својот договор, а клубот одби да го продаде под цената која е наведена во една од клаузулите во неговиот договор. Тренерот Marcelo Bielsa му дава се помалку време на теренот. 

Athletic денес неколку пати објави на официјалниот профил на Twitter дека Llorente треба да се појави на прес конференција со својот соиграч Jon Aurtenetxe во Lezama, но одбил да ја исполни оваа обврска. 

“Пренесуваме дека освен Aurtenetxe, требаше да се појави и Fernando Llorente, но тој одби да го исполни тоа.”

Llorente не се појавил на прес-конференција за Athletic од првиот голем испад со клубот ова лето. 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: