Бензема – најдоброто допрва доаѓа

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема верува дека неговите најдобри денови на Сантијаго Бернабеу сеуште не се дојдени. 

Францускиот репрезентативец доби одлични критики за неговата фантастична изведба во победата на кралскиот клуб од 5:1 против Атлетик Билбао во минатото коло од Ла Лига, каде постигна еден гол и беше асистент на голот на Озил. Иако шпанските медиуми велат дека ова е неговиот најдобар натпревар во белиот дрес, Бензема не е толку сигурен. 

“Најважно е дека успеавме да се вратиме на стандардот кој си го поставивме минатата сезона. Постигнавме одлични резултати, особено во начинот на кој нашите фудбалери се движат по теренот. Сепак, не би рекол дека ова ми е најдобриот натпревар во Реал до сега, сум постигнал поголеми нешта во минатото.” – изјави Бензема за AS. 

“Многу ми е мило што се чувствувам добро по мојата повреда. По две недели навистина добро ми дојде задоволството повторно да се појавам на теренот.”

Бензема потоа се осврна на неговите најдобри моменти во Мадрид, на пример кога влезе во игра и погоди против Барселона на натпреварот на Камп Ноу од Копа Дел Реј минатата сезона, како и 2та постигнати голови против Лион во Лигата на Шампионите. 

Како и да е, нагласи дека не планира да живее во минатото, и дека веќе размислува за наредниот натпревар. 

“Најдоброто од мене допрва доаѓа! Веднаш по натпреварот против Билбао започнав да размислувам за Манчестер Сити.”

Пронајдете не на следниве мрежи: